Црвен Крст и Општина Босилово изминативе денови спроведоа уште една успешна хуманитарна акција. Тие им се заблагодарија на донаторите и повикаа на солидарност.
„Сите ние можеме барем малку да помогнеме на некој кој го познаваме, треба само да се има желба. Тоа што за некој е малку, за некој друг може да е многу. Помагајќи си меѓу себе создаваме поубаво место за живеење за сите“, истакнуваат од Општината.