Заврши делумна реализација на проектот Конзервација, санација и реставрација на „Спомен костурницата на паднатите борци од НОВ“.
Исчистени се вегетација и шут, заменети се искршени или оштетени мермерни плочи со нови на целата платформа. Подот е полиран и предната фасада на аулата е исчистена од графити и поликолор.
Ги замолуваме граѓаните да го чуваат културното добро бидејќи е заштитетно културно наследство со решение за прогласување на значајно културно наследство број: 18-177 од 27.09.2023 година.