• Sat. Nov 23rd, 2024

Со 68 гласа „за“ Собранието го аминуваше францускиот предлог, пратениците од ВМРО – ДПМНЕ не присуствуваа на гласањето

Со 68 гласа „за“ Собранието ги усвои заклучоците по информацијата за францускиот предлог и ја задолжи Владата да го продолжи процесот и да ја усвои преговарачката рамка.

Пред гласањето пратениците од ВМРО – ДПМНЕ ја напуштија салата откако три дена нивните пратеници од говорницата бараа да се гласа против францускиот предлог.

Пратениците од СДСМ и коалицијата откако претседателот на Собранието Талат Џафери соопшти дека заклучоците се усвоени со 68 гласа „за“ , резултатот го поздравија со аплауз и ги развеаја македонското и знамето на Европската унија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *