Со јавна дебата во Струмица ќе биде одбележан 21 март, Меѓународниот ден на лицата со Даун синдром.
Дебатата ќе се одржи во 18:00 часот во повеќенаменскиот социјален центар во Струмица, а говорници ќе бидат: д-р Македонка Глигорова – специјалист педијатар, д-р Никола Маџунков – специјалист гинеколог и Наташа Георгиева – специјален едукатор и рехабилитатор.