• Sun. Nov 24th, 2024

Со пари од субвенциите од годинава, ќе се пребиваат долговите на земјоделците кон државата

Долговите на земјоделците за закуп на земјиште, воден надомест, пашарина и други јавни давачки од ова година ќе се пребиваат од субвенциите што треба да ги земат земјоделците кои должат. Ова е предвидено со последните измени во законот за земјоделство и руралниот развој. Според првиот човек на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ваквите новини се по барање на земјоделските здруженија кои констатирале дека поради неплатена минимална давачка, нивните членови можат да изгубат илјадници евра.

Според директорката Билјана Вуковиќ субвенциите им се најпотребни на земјоделските производители бидејќи со овие пари од државата успеваат да ги покриваат основните трошоци за производство.

subvenciiВо досегашната пракса законскиот рок е 30 јуни за исплата на сунбвенции за поднесени барања од претходната година. Земјоделците кои не ги добиваат овие пари до законскиот рок е најчето поради долгови кон одреден основ велат Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *