• Fri. Nov 1st, 2024

Со мерење крвен притисок и шеќер заврши Неделата на Црвениот крст

ByЃ. K.

May 16, 2024

Општинската организација на Црвен крст Струмица од 08 до 15 мај 2024 година успешно ја спроведе Неделата на Црвениот крст.

Низ разни активности беше презентирана работата на ООЦК Струмица.
Беа поделени флаери на нашите граѓани со цел да се презентираат услугите кои ги даваме: „Лична асистенцијана лица со попреченост“, „Помош и нега во домот“ и „Центар за дневен престој за активно стареење“ – Турново.
Се презентираше и Програмата за катастрофи и активностите при спас на вода.

Беше спроведено мерење на притисок и шеќер од страна на волонтерите на Црвен крст Струмица во присуство на доктор.

Исто така беа запознаени и со вештини кај живото- загрозувачки состојби и тоа странична положба, СБО, компресивна преврска и антишок положба кај повреди кои не го загрозуваат животот, имобилизација.

By Ѓ. K.