• Sat. Nov 23rd, 2024

Со грант од Светска банка од 260 илјади евра, Првомајска во Валандово ќе се реконструира

Во април годинава се очекува да почне со реконструкција  улицата ,,Први мај,, во Валандово која впрочем преставува дел од магистралниот патен правец кон Гевгелија и Скопје. За општинските власти  ова улица преставува тесно грло и со средства од Светска банка ќе се врши реконструкција во должина  од 350 метри  со цел да се зголеми безбедноста на  овој патен правец

Првиот човек на Валандово Перо Костадинов  вели дека договорот е потпишан пред Нова година и во тек се подготовките за отпочнување со реализација која треба да траеод 60 до 90 дена. Со реконстуркцијата, ова улица ќе биде  булеварско решение и  во голема мера ке се подобри безбедноста во сообраќајот но и за пешаците, со оглед дека таа делница од350 метри преставува црна точка.

Средствата за  реконструкција на ,,Првомајска,, се грант од Светска Банка  а целиот проект чини околу  260 илјади евра што значи нема да преставува финансиско оптоварување на Буџетот на општината

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *