На сцената кај Чешмичката на 14 август со почеток од 21:00 часот – трибјут за Тоше Проески.
Бројните хитови од деветте албуми на Тоше ќе бидат во изведба на солисти од македонската музичка сцена. Александра Јанева, Марко Logout и Васил Гарванлиев се тројцата солисти кои ќе го изведат специјалниот трибјут концерт.
Цели два часа публиката ќе има можност да ужива во нови аранжмани и поинакви изведби на нивните омилени песни од големата поп-ѕвезда.
На сцената кај Чешмичката ќе настапат и: Игор Џамбазов & Гуру Харе, Јовче Пандев, AРЕА, Дактили, Летечки пекинезери, Дикато, Камерен оркестар на Битола, Dismissed, како и учесниците на Летната школа за гитара со предавачите Дамјан Пејчиновски и м-р Васко Пиличев.