СОУ „Никола Карев“ Струмица беше домаќин на дводневниот прв транснационален состанок на 14 и 15 ноември 2023 година во рамките на проектот „Истакнување на европското наследство преку одржлива креативност и циркуларна економија“ (ИНТЕРАКЦИЈА).
Проектот е партнерство за соработка со организации во полето на стручното образование од Грција, Кипар, Полска и Литванија и СОУ „Никола Карев“ е координатор на истиот.
Главните цели на проектот ИНТЕРАКЦИЈА се да се промовира еко-трансформацијата на креативниот сектор и да се интегрира одржливоста и зелениот раст во секој аспект на пазарот на трудот. Ќе се зголеми флексибилноста на можностите во стручното креативно образование и обука. Централна идеја и движечка сила ќе биде европското културно наследство.
Освен работниот дел, партнерите имаа можност да се запознаат и со убавините на нашата држава.