На 20 мај, Светскиот ден на пчелите, СОУУД „Димитар Влахов“ организираше низа активности со цел подигнување на свеста за важноста на пчелите и нивната улога во екосистемот.
Учениците учествуваа во работилници каде што научија за животниот циклус на пчелите и нивниот придонес во опрашувањето на растенијата. Имаше и дегустација на различни видови мед. Имено, во изминатиот период, ученици и професори учествуваа во теоретски и практични активности во делот на пчеларството. Овие активности вклучуваа предавања за основите на пчеларството, едукација за важноста на пчелите за екосистемот, како и практични вежби на терен, каде што учесниците имаа можност да стекнат искуство во управување со пчелни семејства, собирање мед и грижа за пчелите.
Активностите се организирани од ЗПГЦ ,,Хорти Еко” Струмица, финансиски поддржани од Г1 програмата на Општина Струмица, во соработка со Меѓуопштинскиот центар за поддршка на бизнис претприемништво и земјоделство.