Советот на општина Гевгелија на 6 декември 2019 година, во петок, ќе расправа за Нацрт-Буџетот на општина Гевгелија во 2020 година. На седницата која ќе се одржи во салата на Советот на општина Гевгелија, со почеток во 12 часот, покрај ова, на дневен ред ќе се најдат следните точки:
1.Нацрт-Буџет на општина Гевгелија за 2020 година,
2.Нацрт-Програма за уредување на градежното земјиште во општина Гевгелија за 2020 година,
3.Нацрт-Програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Гевгелија за 2020 година,
4.Предлог-Одлука за измени и дополнување на Одлуката за утврдување на цената на превозот на ученици од средното и основното образование во општинскиот линиски превоз на патници во општина Гевгелија,
5.Информација за состојбата со образовните струки и профили во СОУ “Јосиф Јосифовски” – Гевгелија.