• Fri. Nov 22nd, 2024

Службите за пасоши и лични карти од утре со скратено работно време

Сите управни служби при Министерството за внатрешни работи од утре ќе работат со скратено работно време поради мерките за справување со коронавирусот, пренесува Макфакс.

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, рече дека за скратеното работно време преку телеграма ќе ги информира сите управните служби во сите сектори за внатрешни работи.

„Управните служби при Министерството за внатрешни работи од утре ќе работат со скратено работно време. На подрачјето на Скопје, од утре, од 7.30 до 18 часот, ќе работат пунктовите во МРТ, Беко и во Ѓорче Петров, и од 10 до 18 часот ќе работат пунктовите во Бутел и Драчево. Управните служби во сите други сектори за внатрешни работи ќе работат 7.30 до 16 часот“, најави министерот Чулев.

Во однос на пасошката криза, министерот Чулев минатата недела информира дека за десетина дена се очекуваат обрасците за пасоши. Изминатиов месец пасоши се издаваа само за итни случаи со одобрение од деветчлена комисија во МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *