Пандемијата со коронавирусот може да влијае на безбедноста со снабдувањето на некои видови храна, бидејќи воведувањето на мерки за изолација и ограничувањето на движење негативно влијаеше на достапноста на работна, објави Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО).
Мерките за ограничување на движењето и социјалното растојание можат да го намалат земјоделското производство, проценува „ФАО“. Слична е ситуацијата со компаниите за храна кои преработуваат земјоделски производи.
– Веќе гледаме предизвици во форма на логистички проблеми, бидејќи пратките со храна не се во можност да се движат од една до друга точка, како влијанието на пандемијата врз секторот производство на добиток заради ограничениот пристап до добиток и намалениот капацитет на кланици (заради логистичкото нарушување и недостигот на работна сила), како што слично се случи во Кина – наведува „ФАО“.
Во овој контекст, може да се очекува скок на цените, како што е месото и производите со краток рок на траење, а не толку кај главните прехранбени производи од кои има доволно во залиха, според „ФАО“.