• Fri. Nov 22nd, 2024

Си украле елка од дворот на музичкото училиште

Новиот тревник и садниците издржаа само еден месец во дворот на основното музичко училиште „Боро Џони“.

Директорката на училиштето, Клара Вета Патарова, денеска објави фотографии на кои се гледа дека недостасува една од елките.

„Новиот тревник и убавите листопадните и зимзелени садници кои веќе еден месец го красат дворот на основното музичко училиште „Боро Џони“ Струмица, во недела вечер добија недобронамерен натрапник. За жал, на највандалски начин беше откорнато зимзелено дрво, елка, симбол токму на овие празници кои ги живееме.Овој нехуман чин ќе отстапиме да го решат надлежните институции. Таму каде што царува музиката нема место за вандали“, порача Патарова.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *