• Fri. Nov 22nd, 2024

Сите ги одврзаа ќесињата. Рецесија?

Посебни времиња бараат и посебни мерки. Поради пандемијата со коронавирусот САД, и ЕУ дозволија милијарди евра во помош и кредити. Дали е обид да се спречи рецесија, или светот е веќе во неа, прашува Дојче Веле на српски јазик. 

Организацијата за економска соработка и развој уште на 2 март епидемијата на корона – вирусот КОВИД – 19 го нарече најголема глобална закана по светската економска криза од 2008 година. 

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен,  пред три дена изјави дека Европа се наоѓа можеби во најголематаекономска криза во својата историја.

„Се наоѓаме во веројатно најтешката економска криза во нашата историја. Во моментов најважно е оваа криза да се преживее и Европа да не се сруши.“ 

Претходно Европа одобри 37 милијарди евра поддршка за економските сектори кои ќе бидат погодени од пандемијата со коронавирусот. Соопштувајќи ја ваквата одлука, преседателката на Европската комисија рече дека владите – членки ќе може да отстапат од економско – монетарните ограничувања на унијата и да ги надминат дозволените буџетски расходи за субвенции. 

Германската влада најави дека со сите сили и со се што располага ќе се бори против оваа криза. Министрите за економија и финасии, Петер Алтмајер и Олаф Шолц,  изјавија дека Германија дава „неограничени“ кредити под поволни услови и долгорочно за сите економски гранки што се погодени од пандемијата. 

Одобрени се леснодостапни фондови за исплата на работници кои мораат да одат на принуден одмор и слично. Тоа е мерка против отпуштања во време кога фирмата не заработува доволно. исто така е одобрена неограничена кредитн поддршка на фирмите и одлагање на плаќањето на даноците за да останат ликвидни. 

И САД одобри повеќе милијарди за спасување на економијата која е погодена од корона – вирусот. Со тие пари треба да се плаќаат боледувањата на отсутните, но и да се набават бесплатни корона  – тестови. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *