Синоќа храмот на културата се претвори во храм на добрината по заслуга на организаторите од фондацијата „Елеуса“ на чело со Викарниот епископ стобиски – господин Јаков, но и на оние кои настапија на сцената.
„Овој денешен „Концерт на добрината“ го доживеав како извор на вдахновение и чувство на исполнетост со несекојдневни емоции“, напиша градоначалникот Костадинов.
Тој им честиташе на членовите на Вокално инструменталниот состав при Струмичката православна епархија – „Стихири“, за „празникот“ што го приредија со својот прекрасен настап, но и на гостите од Државниот музичко-балетски училишен центар „Илија Николовски – Луј“ од Скопје, на чело со директорката и наша сограѓанка Даница Стојанова, на извонредниот музичко-танцов мозаик.