Сегашни и поранешни членови на КУД „Гоце Делчев“ Босилово заиграа на сцената во Домот на културата во рамките Новогодишниот концерт насловен како „Секоја Нова година е традиција“.
Салата при Домот на културата беше претесна со посетителите кои имаа желба да ги видат кореографиите на КУД од Босилово кое е еден од репрезентите на фолклорот на Општина Босилово и овој дел на струмичкиот регион.