Риба на трска и оваа година највпечатлива на фестивалот на традиционалната храна во Дојран Гурман фест.Вековната традиција се негува и денес од мајсторите кои од поколение на поколение го пренесуваат занаетот.
Плескавици од икра,пијаниот крап,перкија,белвица и сом беа само дел од специјалитетите од риба,лангиди,млечници и многу други традиционални јадења кои вредните раце на дојранчанки ги сервираа и беа дел од овогодинешниот Гурман фест.
Овие традиционални јадења полека стануваат дел од менито на многу локали долж дојранското крајбрежје, а туристите се почесто ги бараат.
Масите беа преполни а сите гости кои беа дел од синоќешниот фестивал на храната уживаа во специјалитетите.
Покрај богатите трпези преполни со традиционални специјалитети гостите на овогодинешниот гурман фест уживаа со изведбите на македонските музички имиња Ален Хасанович и Адријана Ацевска.