• Fri. Nov 22nd, 2024

СИНДИКАТОТ ДО ГАЗДИТЕ: Имате уште една недела да исплатите К15, во спротивно има и затворски казни

By

Dec 25, 2020 #казни

Сојузот на синдикати на Македонија ги потсетува газдите дека остануваат уште само седум дена за да им исплатат на работниците во приватните фирми регрес за годишен одмор, а во спротивно ќе бидат парично казнети, но можат да заработат и затвор.

„Ги потсетуваме работодавачите дека имаат уште само 7 дена до крајот на годината за исплата на регресот за годишен одмор на работниците во приватниот сектор по што ќе следуваат парични казни како и казни затвор!“, децидни се од Синдикатот.

Правото на регрес за годишен одмор е вовисина од најмалку 40 отсто од основицата, односно најмалку 10.962 денари.

„Потсетуваме дека Општиотколективен договор согласно член 2, се применува непосредно и е задолжителен за работодавачите и вработените во приватниот сектор и согласно истиот нема исклучоци, односно Општиот колективен договор задолжително се применува за сите субјекти во приватниот сектор. Потсетуваме дека и работниците кои се отсутни или биле отсутни од работа поради боледување, вклучително и отсуството поради Ковид – 19, како и работниците кои користат платено отсуство, имаат право на исплата на надомест на регрес за годишен одмор“, пошуваат од ССМ во своето соопштение.

Апелираат работниците да не дозволат, онаму каде што нема формирано синдикат, работодавачите да ги убедуваат користејќи го институтот претставник на работниците, и да вршат притисок, работник да потпише некаков документ за намалување на правата на неговите колешки и колеги работници поради тоа што согласно пријавите до ССМ ова најмногу се злоупотребува од страна на работодаваачите на штета на рабониците и намалување на нивните работнички права, а одговорноста за таквата злоупотреба е како на работодавачот, така и на работникот.

извор: https://faktor.mk/sindikatot-do-gazdite-imate-ushte-edna-nedela-da-isplatite-k15-vo-sprotivno-ima-i-zatvorski-kazni

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *