Членовите на синидкалните организации на трите локални јавни претпријатија Комуналец, Струмица Гас и Паркиралишта, како и од општина Струмица но и од Основниот суд Струмица и ЈП Македонски Шуми подржница Беласица Струмица денеска се приклучија на штрајкот што го организира ССМ. Тие денеска штрајкуваа на работните места а во период од 11 до 12 часот излегоа и во кругот на своите институции. Денеска работеа со 10 одсто од капацитетот на инстиуциите а во ЈП Комуналец заради специфичноста на претпријатието има дежурни екипи во Воводовод и Канализација, Пречистителна станица
Како што не информираше Бранко Ѓеоргиев регионален координатор на ССМ за Струмица штрајкот ќе продолжи и во текот на утрешниот ден. Членовите на ССМ бараат линеарно покачување на платите за 2 806 денари.