• Sun. Nov 24th, 2024

Се реновира училиштето во Висока Маала

Викендов започна реновирањето на ПУ „Атанас Нивичански“ во Висока Маала кое ќе добие нов кров, клупи, столови… Веста ја објави првиот човек на општина Василево Славе Андонов кој на својот ФБ профил подвлече дека училишната зграда почнува да го менува својот лик.  Станува збор з астарата училишна зграда каде се школуваат учениците од прво второ и трето одделение кои за врема на наставата ќе се префрлат во поновата училишна зграда каде ќе се воведат две смени.

„По остварената работна средба со делегација од Rumeli Türkleri Kültür ve Dayanışma Derneği од Турција, училиштето почна да го менува својот лик . Нашата мисија е да обезбедиме подобри услови за учениците. Верувам дека со нашите меѓународни партнери и сите донатори ќе успееме да го подигнеме квалитетот на образованието во нашата општина. Реновирањето на училиштето во Висока Маала опфаќа реконструкција на кровот,нови клупи,столови,нов под во училниците, нови училишни тоалети, компјутер за секој ученик,нови печки за загревање на училниците и др. Турција е земја во која живеат голем број Македонци и заеднички можеме да реализираме повеќе проекти“, објави градоначалникот Андонов

Реновирањето е со средства од иселениците од Македонија во Турција и со финансиска помош од Советот на општина Василево. Во Висока Маала, основно образование од прво до петто одделение посетуваат вкупно 83 ученици

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *