• Fri. Nov 22nd, 2024

Се распишува огласот за социјалните станови

Се распишува огласот за социјалните станови . За десеттина дена нов оглас за распределба на социјалните станови во Струмица. Речиси две ипол години , зградата е готова и  двапати се распишуваше оглас , ама и поништуваше оти според надлежните аплиантите не одговарале соодветно на барањата. Сега по формираната комисија од мешан состав е спремна повторно да го отвори огласот за распределбата на 37 те стана.

Станбените единици ќе се распределуваат на седум категории на граѓани од социјален ризик , кои ги класифицираше министерството за труд и социјална политика

Потребната документација ќе може да се поднесува во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Струмица.
За оние кои не се во можност сами да ја комплетираат потребната документација, Центарот за социјални работи ќе ја обезбеди потребната помош за обезбедување на целокупната документација согласно објавениот оглас.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *