• Sat. Nov 23rd, 2024

Се празнува 8 Декември – Св. Климент Охридски

Во земјава денеска со низа настани се одбележува 8 Декември – Денот на Св. Климент Охридски. Пред споменикот на Св. Климент Охридски во Скопје, повеќе делегации ќе положат цвеќе, а во Собранието ќе биде врачена државната награда „Св. Климент Охридски”.

Во областа на воспитанието и образованието, државната награда ќе и биде доделена на универзитетската професорка Ѓулумсер Касапи, а добитници во областа на културата и уметноста се писателот Јован Павловски, музичкиот уметник Снежана Анастасова-Чадиковска и академската сликарка – костимограф Елена Дончева.

Св. Климент Охридски е патрон и на Охрид каде празнувањата почнаа од синоќа. Чествувањата продолжуваат и денеска со поклон на делегација пред моштите на Свети Климент Охридски во црквата „Свети Пантелејмон” на Плаошник, а цвеќе ќе биде положено и пред споеникот на Свети Климент Охридски во училишниот двор на ООУ што го носи неговото име. Цвеќе ќе биде положено и пред споменикот на Свети Климент Охридски на Градскиот плоштад, при што ќе бидат врачени и наградите на најдобрите поетски творби на наградниот ученички литературен конкурс по повод Патронот на градот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *