Започна реализацијата на проектот за расчистување, санација, уредување и поставување на нова урбана опрема на пешачката патека покрај крајбрежјето на Дојранското езеро, односно од плажа „Калдрма“ – Нов Дојран до одмаралиште Црвен крст – Стар Дојран, во должина од 5 километри.
Проектот е финансиран од Бирото за регионален развој и учество на општина Дојран, а спроведувањето е преку Центар за развој на Југоисточен плански регион.