• Sat. Nov 23rd, 2024

Се подготвува Закон за сестринска дејност

Се подготвува Закон за сестринска дејност

Се подготвува Закон за сестринска дејност кој треба да ги регулира наталожените проблеми на медицинските сестри во државата. Ваква најава стигна после денешниот работен состанок на Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки со министерот и заменик министерот за здравство, Беким Сали и Владимир Рендевски.

Се одржа работна средба на претставници од Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки на Република С.Македонија со министерот и заменик министерот за здравство д-р Сали и д-р Рендевски, на која се разговараше за суштинските прашања од областа на сестринството. Еден од приоритетите е дека во изработка е Закон за сестринска дејност со кој би се уредиле бројните проблеми кои се наталожени во изминатите години. Министерството го задолжи Здружението да работи заедно со правната служба со цел поскоро донесување на истиот. Воедно министерот Беким Сали и заменик министерот Владимир Рендевски изразија благодарност до сите медицински сестри за успешното справување со ковид кризата, информираат од Министерството за здравство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *