Лошото време проследено со чести врнежи од дожд веќе предизвика болести кај виновата лоза. Најчеста е пламеница и пепелница и во одделни атари по струмичките населени места веќе се забележуваат гниење на младите гроздови но и сушење на лисната маса. Стручните лица апелираат на соодветна заштита
Се огласи и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството од каде апелират до лозарите да пристапат кон превентивна заштита. Според нив мора да се има во предвид за каква сората на винова лоза станува збор и во која фаза е цутењето на самите гроздови.
Агроекспертите соопштуваат дека лозарите ке мора да превенираат во согласност од препораките на стручни лица, бидејки последиците ќе бидат огромни по лозовите насади доколку продолжат ваквите временски услови
Во државата има над 30 илјади хектари под лозови насади од кои 30 одсто е трпезно а останатиот дел е со вински сорти грозје