Се очекува одлука за можното скратување на периодот за изолација
Се очекува препораката за скратување на периодот за изолација од десет на седум дена, донесена од Комисијата за заразни болести, денеска да се најде на разгледување пред Кризниот штаб, а утре да биде на владина седница.
Министерот за здравство Беким Сали во петокот изјави дека ќе се следи состојбата со новозаразените и соодветно на тоа ќе се носат препораки и одлуки.