Согласно Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици на општина Струмица, денеска се врши бетонирање на улицата која што се наоѓа десно од турските гробишта во високата зона на градот. На улицата долга 225, а широка три метри се поставени рабници и сливници за одводнување на истата. Овој градежен зафат се реализира со средства од општинскиот буџет.