• Wed. Nov 27th, 2024

Сеуште неизвесно.За посетата на папата Франциск ќе биде прогласен неработен ден?

Како што веќе е запознаена јавноста станува збор за доаѓањето на досега најважна светска личност папата Франциск. 

Предвидени се големи безбедносни контроли, како што до сега немаме видено, односно секој милиметар од трасата по која ќе се движи папата Франциск при неговата посета ќе биде под сериозна безбедносна контрола.

Се уште официјално, не е објавена никаква информација, освен агендата која што е прикачена на веб страницата на www.papa.mk.

Строгите ватикански протоколи наметнуваат организација како за посета на државници од највисок ранг со строги контроли на безбедност во Скопје. Сите здравствени институции ќе работат само за ургентни случаи, зашто според протоколот за посета на вакви личности, сите здравствени капацитети треба да бидат на располагање.

Полицијата и државните институции ќе имаат целосна контрола на движењето на сите луѓе во деловите каде што ќе се движи папата Франциск за време на неговата десетчасовна посета.

Од МВР велат дека ги преземаат сите потребни мерки за целосно и ефикасно обезбедување на овој историски настан за Македонија.

Во списокот на предмети забранети за носење се наведени експлозивни направи и пиротехника, огнено и ладно оружје. Под ладно оружје во протоколот, покрај палки, ножеви и ножици, се сместуваат и комплетите за маникирање и метални прибори за јадење. Забранети ќе бидат и чадори, алкохол, транспаренти и знамиња.

Според неофицијалните информации, полицијата веќе врши комплетни проверки и на станарите кои живеат во делот на централното градско подрачје. Во функција на безбедноста се споменува и можноста седми мај, денот на посетата на папата Франциск, да биде прогласен за неработен ден. Засега нема потврда на таквата информација.

Од Владата, која треба да донесе одлука за прогласување на овој ден за неработен, само кратко велат дека сите информации за посетата на папата навремено ќе бидат соопштени. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *