• Sat. Nov 23rd, 2024

Семејна трагедија во струмичко Сушица- татко и син починаа од струен удар

ByВане Трајков

Sep 17, 2017

Синоќа во населеното место Сушица општина Ново село се случи семејна трагедија во која загинаа татко и син од струен удар. Несреќата се случила околу 21 часот. 54 годишниот Илија Попов влегло да се тушира во бањата каде најверојатно од неисправна елеткрична инсталација добил струен удар и починал на лице место. Тоа го забележал неговиот 30 годишен син Марјан кој сакал да му помогне . Но само што влегол во бањата и тој добил струен удар и починал на лице место

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител, увидна екипа од СВР-Струмица и екипа на ЕВН.

Денеска жителите на  Сушица се прости од своите соселани  и улиците во селото беа празни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *