• Fri. Nov 22nd, 2024

Селото Богородица кај Гевгелија го менува ликот

Богородица доби неколку нови улици, уреден центар и нови детски игралишта.

Во ова населено место летово значително е подобрена патната инфраструктура,  бетонирани се два улични крака, на улицата „Маршал Тито“, кој води до општинската канцеларија, како и кракот на улицата „Филип Македонски“. Деновиве заврши уредувањето на улицата „Александар Македонски“, по чија должина од стотина метри, поставени се павер елементи.

Паралелно со ова се уредува центарот на Богородица, на тревникот кај црквата. Поставени се клупи, канти за отпадоци, детски играчки, а целиот простор ќе биде заграден. Населеното место доби уште едно детско катче, во близина на општинската канцеларија, а заради регулирање на сообраќајот поставени се и лежечки полицајци. Со еден збор Богородица полека го менува својот лик.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *