• Mon. Nov 25th, 2024

Селекцијата на отпадот во Струмица со пластични кеси и пријавување од мобилен, не ги дава очекуваните резултати

Проектот Селектирај отпад со пријавување од мобилна апликација во Струмица не ги дава очекуваните резултати. Иако ЈП Комуналец од јуни минатата година објави дека ќе дели ќеси за пластика и хартија за домакинствата да вршат примарна селекција на отпадот, според мониторингот на Зелен Институт од Скопје околу 50 физички и правни лица покажале интерес за тој процес со кој комуналното еднаш неделно го собира селектираниот отпад.

Лилјана Поповска од Зелениот Институт смета дека општина Струмица и ЈП Комуналец ќе мора да реализираат информативни кампањи за да ја подигнат свеста кај домакинства за селекција и да го користат овој процес бидејки на тој начин ќе се намалува количеството отпад што ќе завршува на депониите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *