Севернокорејскиот водач Ким Џонг Ун тврди дека неговата земја успеала да направи мини нуклеарни боеви глави кои може да се постават на балистички ракети, пренесе Ројтерс повикувајќи се на севернокорејска агенција .
Ким тоа го кажал во текот на инспекциите на работниците кои работат во нуклеарниот сектор.
-Нуклеарните боеви глави се стандардизирани да можат да застанат на балистички ракети така што се намалени-навел тој и додал дека ова сега може да се нарече навистина „застрашувачка нуклеарна сила“.
Северна Кореја во јануари објави дека извела четврт нуклеарен тест и објави дека во прашање било успешно тестирање на хидрогенска бомба. Таа објава многу екепсерти, како и владата на Јужна Кореја и САД, ја доведоа во прашање