На 26.06.2019 година, во периодот од 10.00 до 16.00 часот на подрачјето на СВР- Струмица, спроведена е акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачите на мопеди и мотоцикли. Притоа, констатирани сe 17 прекршоци во Струмица, три прекршоци во Радовиш и три прекршоци во Гевгелија.ОД СВР Струмица предупредуваат дека контролите ќе зачестат во овој летен период и сите што не се прдржуваат кон одредбите за учество во сообраќајот со мопеди и мотоцикли ќе бидат казнети