Кирил Арапов е именуван за нов началник на СВР Струмица откако Томе Весев замина во пензија. Арапов досега ја извршуваше функцијата началник на Одделението за полиција во СВР Струмица а од вчера Министерството за внатрешни работи го именува Арапов за прв човке на Секторот за внатрешни работи во Струмица. Кирил Арапов е со завршена Воена академија а во МВР е вработен од 2004 година.
,,Началник на Секторот за внатрешни работи Струмица е Кирил Арапов. Истиот е назначен на функција по заминување во пензија на претходниот началник, информираа од МВР