Две сообраќајни несреќи се случиле викендов во Југоистокот. Според СВР СТрумица, во двата поединечни настани повредени се две лица.
Во продолжение, дневниот викенд на СВР Струмица:
На 13.07.2019 година во 16.00 часот кај село Миравци, гевгелиско, В.Д (31) од село Удово, управувајки мотоцикл „Родбајк“ без регистерски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил В.Д. и бил пренесен во болницата во Гевгелија. Увид на местото извршила екипа на Полициска станица Гевгелија.
На 14.07.2019 година во 15.45 часот на крстосницата од локалните патишта за село Габрово – село Банско и село Муртино, струмичко, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Форд Галакси“ со германски регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(47) од Струмица и патничко возило „Пежо 307“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(27) од Охрид. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила една од сопатничките во возилото „Форд Галакси“, која била пренесена во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициска станица Струмица.
На 14.07.2019 година во периодот од 14.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Струмица е спроведена акциска контрола за откривање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Во акцијата констатирани се 56 прекршоци за кои се издадени 46 прекршочни и 10 мандатни платни налози….