Деновиве во атарот на струмичкото село Дабиле каде поминува реката Струмица, се појавија неколку свлечишта кои ги поткопаа селските патишта до обработливите површини. Според мештаните од Дабиле, свлечиштата се појавиле бидејки речното корито на Струмица не е исчистено цели 30 години па со минатонеделните врнежите од дожд и зголемениот водостој, се поткопани бедемите на речното корито кои преставуваат и селски патишта до нивните ниви
Земјоделците од Дабиле стравуваат за нивната безбедост. Тврдат дека во секој момент водите од реката Струмица може да ги однесат селските патишта и при зголемен водостој да се излеeреката во нивните ниви. Бараат интервенција од државата да го исчисти коритото на реката Струмица и да се санираат свлечиштата
Мештаните бараат од наделжните уште ова недела да се санираат свлечиштата и да почне чистењето на коритото на реката Струмица од населеното место Просениково низ атарот на Дабиле па се до Босилово