• Sun. Nov 24th, 2024

Светот може да се соочи со најтоплата деценија досега

Прогнозите покажуваат дека температурите на секои следни пет години веројатно ќе бидат за еден степен повисоки од нивото во прединдустрискиот период, наведува Британската метеоролошка служба, пренесува МИА.

Светот веројатно се наоѓа пред најтоплите десет години од кога почнало регистрирањето на температурните рекорди во 1850 година, тврдат научниците.

Во следните пет години постојат и шанси да се соочиме со година во која растот на просечната глобална температура би можел да биде поголем од 1,5 степени.

Еден и пол степен се смета за критичен праг за климатските промени.

Доколку податоците се совпаднат со прогнозите, тогаш декадата од 2014 до 2023 година ќе биде најтопла во последните 150 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *