• Tue. Nov 26th, 2024

Светиот крст во Гевгелија го фати Илија Илиевски

By

Jan 19, 2022

Најсреќен меѓу десетината млади момчиња кои во осветената вода на реката Вардар кај Гевгелија се пуштија по Чесниот крст на денешниот Богојавленски собор, беше 31 годишниот Илија Илиевски од гевгелиското село Давидово.

– Бескрајно сум среќен што успеав прв да стигнам до Чесниот крст. Голема е радоста кај мене и надежта дека чесниот крст ќе ми донесе многу здравје и позитивни промени во мојот живот.Големата радост ќе ја пренесам и во сите христијански домови во Гевгелија, изјави тој.

На фаќачот на Чесниот крст градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, му подари лап топ и му посака здравје и среќа во животот, фармацевтската куќа „Зегин“, му подари машина за перење алишта, а од спортската обложувалница ,„Евро тип“ доби телевизор.

Вековната традиција која не потсетува на светото крштевање на Исус Христос,во Гевгелија годинава се одржа со примена на мерките и протоколите за заштита од корона вирусот. 

извор:https://sitel.com.mk/svetiot-krst-vo-gevgelija-go-fati-ilija-ilievski

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *