• Tue. Nov 26th, 2024

СВЕТЗа првпат во историјата прогласена состојба на катастрофа во сите 50 американски држави

Colored Map of the United States

Американскиот претседател Доналд Трамп поради пандемијата од коронавирусот прогласи состојба на голема катастрофа во сојузната држава Вајоминг, па сега сите 50 американски држави се со тој статус, пренесува Макфакс.

Според портпаролот на Белата куќа, Џад Дир, ова е првпат во историјата да биде прогласена голема катастрофа во сите 50 држави во исто време, пренесува „Фокс њуз“.

Гувернерот на Вајоминг, Марк Гордон побара да се донесе мерката, иако досега не е пријавен ниеден случај на зараза во оваа држава.

„Иако Вајоминг не се најде во тешка ситуација како некои други држави, оваа мерка ќе ни помогне да ги подготвиме и мобилизираме ресурсите за моментот кога ќе ни требаат“, рече Гордон.

Соединетите држави изминатото деноноќие го зазедоа првото место по бројот на смртни случаи од короноавирус во светот, со повеќе од 20.000 жртви.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *