• Fri. Nov 22nd, 2024

Санкционирани 67 автобуси кои вршат превоз на ученици, 17 упатени на вонреден технички преглед

Вчера во периодот од 12 до 16 часот на територијата на Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома. При контролата констатирани се 67 сообраќајни прекршоци, при што едно возило е исклучено од  сообраќај поради истечена регистрација.

Упатени на вонреден технички преглед се 17 возила.

Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас, соопшти МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *