Претседателката на инспекциски совет Магдалена Филипоска-Грашкоска, на прес-конференција информираше дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршил контрола кај 82 фирми. Кај 18 имало забелешки, а 18 превозници не вршеле дезинфекција на возилата, пренесува Макфакс.
„Во време кога нашата земја се соочува со една од поголемите здравствени кризи, би сакала искрено да се забагодарам на сите граѓани кои ги почитуваат мерките, со цел да се спречи и намали коронавирусот. Треба да ни биде јасно дека секој има клучна улога во оваа битка во изминатите два дена.Државниот санитарен и здравствен инспекторат, спроведе контрола кај 47 субјекти од кои 29 беа без наод и 18 со забелешки. Дополнително, извршена е контрола кај 35 деловни субјекти кои вршат јавен превоз, а 18 од нив немале уреден статус и се задолжени за спрведување на мерките, односно дезинфекција и слично. Понатаму, проверени се дополнително 27 објекти – игротеки, фитнес сали, базени и слично. Сите ја почитувале забраната за работење и се затекнати затворени“, рече Магдалена Филипоска-Грашкоска.
Државниот станитарен и здравствен инспекторат даде и дополнителни предлози за воведување на мерки за коронавирусот.
„ДСЗИ дава предлози за дополнителни мерки, а тоа се следните: на Меѓународниот аеродром Скопје, да се воведе задолжителна дезинфекција на авионите кои доаѓаат од земјите со висок и среден ризик, а во средствата за превоз како комбињата да има постери со препораки од Институтот за јавно здравје, дезинфекција на јавниот превоз, задолжително проветрување“, додаде Филиповска-Грашковска.