Министерот за здравство Беким Сали денеска изјави дека секој ден имаме по 300 новозаразени лица со ковид-19, а тоа значи дека вирусот се уште постои и ја чека најмалата можност да се развива. Тој одговараше на новинарско прашање за тоа каква е епидемиолошката состојба во земјата.
Министерот вели дека уште кога стапил на функција посакува да дојде денот кога нема да има рестриктивни мерки, но дека, како што вели, за жал, се уште има рестриктивни мерки.
За тоа кое би било следното олеснување, министерот вели дека за тоа одлучува Комисијата за спречување заразни болести.
Министерот одговарајќи на новинарско прашање, рече дека има одѕив на луѓе кои сакаат да се вакцинираат во рамки на караванот за вакцинација против ковид-19, но дека не може да каже дека се сосема задоволни од одѕивот. има одѕив и во секој пункт има нови кандидати за вакцинација и за прва, втора и трета доза.