• Sat. Nov 23rd, 2024

Саем за книга на отворено во Струмица

На градскиот плоштад „Гоце Делчев“ поставени се штандови на третоиот по ред саем на кој се претставени повеќе домашни издавачки куќи.

Од денеска до недела љубителите на пишаниот збор може да ја збогатат својата домашна библиотека со некој од насловите кои се продаваат на Саемот под отворено што  е поставен на градскиот плоштад Гоце Делчев.

Најмладите, кои денеска ги посетија штандовите, велат дека читаат, но и подаруваат книга за подарок.

Книгата ни нуди духовно богатство што не може д абиде поголемо од ниту едно материјалмно, порача членот на Советот на Општина Струмица, Јосиф Христов кој го програли саемот за отворен.

Издавачите велат дека вкусовите на читателите вариираат во согласност со временската сезона.

Саемот на отворено е трет по ред што го организира Младинскиот совет на Струмица, академијата „АБЦ“, ЛУ Библиотека „Благој Јанков Мучето“ и „СИМ Компани“ од Струмица, а со поддршка на Општина Струмица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *