Соединетите Држави преговараат за сместување на своите бомбардери со долг домет во Австралија, рече американскиот претставник за одбрана, што значи дека истите би биле во домет на спорното Јужнокинеското море, а таков потег би можел да ги зголеми тензиите со Кина.
Распоредувањето би можело да ги вклучи бомбардерите Б-1 како и ширење на мисијата на бомбардерите Б-52, рече полковникот Дамиен Пикарт, портпаролот на американските воздушни сили на Пацификот, истакнувајќи дека во тек се разговори и дека се уште не е донесена одлука околу тоа.
“Овие бомбардери им овозможуваат на нашите воздушни сили да ги унапредат и ојачат регионалните сојузи и и осигуруваат на американската пацифичка команда средства за веродостоен гобален удар и одвраќање кое би помогнало во одржувањето на мирот и сигурноста во индо-азиско-пацифичкиот регион“, рече Пикарт.
Соединетите Држави во моментот не изведуваат летови на бомбардерите Б-1 од Австралија, но одвреме на време изведуваат мисии со бомбардерите Б-2.
Ако САД постигнат договор со Австралија тоа би ги довело американските зрачни сили поблиску до спорното Јужнокинеско море и потенцијално би ја разлутило Кина, велат аналитичарите.
Кина полага право на речиси целото Јужнокинеско море, но Брунеи, Малезија, Филипините, Тајван и Виетнам имаат свои права кои се поклопуваат со кинеските.