• Fri. Nov 22nd, 2024

Саборот на СПЦ денеска се очекува да се произнесе за признавањето на МПЦ ОА

ByВане Трајков

May 16, 2022

Српската православна црква денеска ги продолжува активностите поврзани со дневниот ред на пролетната сесија на саборот. По Сремски Карловци вчера, каде се одржа централната прослава по повод стогодишнината од воспоставувањето на Српската патријаршија, денеска свештените лица ќе одат во Белград. 

Според српски Курир, кој се повикува на извори од СПЦ, една од темите на саборот е и признавањето на МПЦ ОА од страна на Вселенската патријаршија, поточно една од темите е ставот што треба кон ова прашање да го заземе СПЦ,  дополнително што за тоа веќе било преговарано изминативе месеци на ниво на поглаварите на двете цркви, на почетокот на овој месец во Ниш.

И уште неколку други српски медиуми повикувајќи се на неофицијални извори пишуваат дека СПЦ ќе ја потврди одлуката на Вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој на 9 мај ја призна црковната јерархија предводена од Архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет и дека со тоа воспоставува канонско и литургиско општење со неа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *