Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска ја предупреди Европа дека Техеран в недела „ќе го направи следниот чекор” за да ги зголеми залихите на збогатен ураниум.
„Ако сакате да изразите жалење или да издадете соопштение, можете тоа да го направите сега”, рече Рохани, објави АП.
Оваа недела Иран го прекрши ограничувањето на залихите со ниско збогатен ураниум утврдени врз основа на нуклеарниот договор од 2015 година и објави дека в недела ќе го зголеми збогатувањето на ураниум блиску до нивото на нуклеарно оружје ако Европа не понуди нов договор, објави агенцијата.
извор:makfax