Пред полната сала, аргументирано, демократски, европски, силно и храбро дебатираа: Аргирета Атева, претставник на Коалицијата за заштита на децата, Петар Марков, претставник на ВМРО-ДПМНЕ, Душан Шарановиќ, адвокат и Ѓорѓи Танушев, советник и претседател на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во Општина Струмица.
До нив останаа празни столчињата на главните протагонисти на родовата идеологија во Македонија, на оние со кои требаше присутните дебатери да ги вкрстат аргументите и фактите, меѓутоа ја пропуштија својата можност пред јавноста да ги истакнат своите непоколебливо прогресивни аргументи за одбрана на родовиот концепт и за т.н. родова еднаквост.
- Потсетуваме дека Родителски фронт пред десетина дена беше мета на нарачан медиумски линч и бевме оквалификувани како екстремни и крајно опасни граѓанско-религиозни здруженија кои замислете, вршат притисок врз локалната власт, а сме немале никакво право на тоа, додека од друга страна во нашето општество постојат граѓански здруженија кои не само што го силуваат нашето општество со се она што му е туѓо и несвојствено, вршат притисоци врз општините и градоначалниците, линчуваат епископи и академици, туку го редефинириаат и образовниот систем, закони ни пишуваат, а во последните осум години станаа и расадници за министерки и сето тоа е во ред според нивните критериуми, бидејќи што е најважно, тие не се религиозни организации, зашто знаете тоа е многу ,,опасно“ за демоНОкратијата, рече во своето поздравно обраќање Мариета Дукиќ, од Здружението „Родителски фронт“.