ОО Црвен крст – Гевгелија во соработка со Институтот за трансфузиона медицина реализираше уште една успешна крводарителска акција. На акцијата, којашто се одржа во Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија, беа собрани нови 38 единици крв.
Како што беше и најавено, на оваа крводарителска акција наменета за граѓаните од регионот ОО Црвен крст – Гевгелија додели таблет-компјутер обезбеден од G-Store Computers Гевгелија на еден крводарител. Најсреќниот крводарител кој стана добитник на наградата е Ристо Олумчев.
Организаторите упатија благодарност до крводарителите за учеството и придонесот во успешната реализација на крводарителската акција, како и до домаќинот ЈОУ Пионерски дом – Гевгелија за овозможувањето простор и G-Store Computерs Гевгелија за овозможената награда.