• Fri. Nov 22nd, 2024

Решен проблемот со водоснабдувањето во Дојран

Стар Дојран доби вода. Заменета е постојната пумпа со нова, односно станува збор за нов систем за вадење вода на длабочина од 100 метри. Старите дотраени цевки се заменети со полиетиленски еко цевки, изработени по еколошки стандарди.
Според општината ова ќе значи долгорочно решавање на проблемот со водоснабдувњето во Дојран.
Изминатите 20 часа екипи дежуреа и буквално спиеја на теренот за да се реши проблемот. Горниот дел од Стар Дојран беше цели четири денови без вода.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *